Добри вести за Барселона: Олмо почна да тренира, в недела веќе и ќе игра против Севиља

Најголемото летно засилување на Барселона, Дани Олмо, денес се приклучи на тренинзите на екипата. Тој ќе му биде на располагање на Ханси Флик за неделниот меч против Севиља, но останува да се види дали ќе биде стартер или шанса за настап ќе чека од клупата за резерви.

Олмо се повреди на 15 септември, на мечот против Жирона, и пропушти неколку важни натпревари на Барселона, а не беше дел ниту од репрезентацијата на Шпанија. Проценките беа дека ќе паузира околу еден месец, а тоа сега и се потврди.

Шпанскиот репрезентативец оваа сезона одигра само три натпревари за Каталонците и постигна исто толку голови.

- Оглас -

Најнови вести