Добри вести за Ѓоковиќ, му се отвора вратата за учество на завршниот турнир

Светскиот рекет број 11, Австралиецот Алекс Де Минаур се повлече од Мастерсот во Шангај. 

Од друга страна, Новак Ѓоковиќ по неколку години доаѓа во Кина, ќе игра во Шангај и ќе има можност да го претекне Де Минаур во АТП трката за завршниот турнир во Торино.

Таму ќе играат осумте најуспешни тенисери во сезоната, а во овој момент Де Минаур е на осмата позиција, но со само 45 повеќе освоени поени во 2024 година од четвртиот Ѓоковиќ кој е четврти на АТП листата.

Ѓоковиќ не го пропуштил завршниот Мастерс од 2017 година, и го држи рекордот по бројот на освоени титули. Учество во финалето на сезоната во Торино носи голема сума на пари, маркетиншка промоција, па лошо би било за Новак ако не успее да се пласира. Сепак, изгледа ќе биде дел од спектаклот, особено по откажувањето на Де Минаур. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести