Добро би им дошол на Волците, Диего Коста е пред договор со Вулверхемптон!

Диего Коста е пред враќање во Премиер лигата, но не во некој од лондонските клубови, туку во Вулверхемптон, клуб кој бара класичен шпиц играч по повредата на черепот на Раул Хименес кој веројатно нема да игра до крајот на сезонава.

Бразилецот со шпански пасош е слободен агент откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид, па Волците почнаа преговори со него. Диего има искуство од играње во Премиер лигата, беше дел од Челзи, со кого освои две шампионски титули. Во тој период, Диего за Сините даде 52 гола на 89 меча.

Ако се договорат за платата, Коста може да премине во Премиер лигата (го бара и Арсенал, но Волците се фаворити), доколку не, има богати понуди од Јужна Америка и од Блискиот и Далечниот Исток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести