Добро е, ќе има телевизиски преноси на Македонија од Мундијалот во Египет

Македонската телевизија ги има откупено правата за натпреварите на Светското ракометно првенство во Египет, што значи дека нема да имаме проблем околу следењето на натпреварите на македонската репрезентација. Според најавите, на каналите на МТВ ќе може да ги следиме возбудувањата од планетарниот собир, каде што во последен момент се најде место и за Македонија.

Наштата селекција ќе биде дел од најдобрите селекции во светот откако Чешка го откажа својот настап поради проблемите со корона-вирусот кај голем број од ракометарите и членови на стручниот штаб.

Тука може да видите кои се деновите и саатниците кога ќе игра Македонија во групната фаза од СП.

- Оглас -

Најнови вести