Додека Аргентинците се подготвуваат за одлучувачкиот натпревар со Мексико, еден репрезентативец се соочува со депортација поради обвинение за силување

Селекцијата на Аргентина во првото коло на Светското првенство што се игра во Катар, доживеа шокантен пораз од 2:1 од Саудиска Арабија, а сега се соочува со депортација на еден фудбалер.

Станува збор за 21-годишниот Тијаго Алмада кој е обвинет за сексуално злоставување. Оваа информација за аргентинските медиуми ја откри Ракел Хермида Лехенда, адвокатка која ја застапува наводната жртва.

Аргентинските медиуми потврдија дека веќе е покрената постапка пред органите на ФИФА, и постои шанса Алмада да биде депортиран во татковината.

„Тој за време на пандемијата на коронавирусот организираше тајна забава во Сан Исидро. Девојка во алкохолизирана состојба заминала на првиот спрат од куќата заедно со Тијаго Алмада, а потоа се појавиле многу луѓе за да ја злоставуваат. Кога зборувам за многу луѓе мислам на уште еден играч на Велез Сарсфилд по име Бризуела, девојка по име Камила и на крајот фудбалскиот агент Делвин Акуња“, изјави адвокатката Хермида Лехенда.

Катар е позната како ригорозна земја во поглед на законите и владеењето на правото и доколку обвинувањата се потврдат како точни, Алмада може да биде депортиран.

„Постојат многу фудбалери на кои им е забрането да влезат во Катар, а Алмада е веќе таму и слободно се шета. Моите соработници се обидуваат да дојдат до катарските органи на легален начин што е можно побрзо“, додаде адвокатката.

- Оглас -

Најнови вести