Додека другите уште се тркаа, Хамилтон веќе ја славеше победата во Каталонија

Доминантна победа запиша Луис Хамилтон во Каталонија во трката за големата награда на Шпанија. Британецот оствари четврти триумф сезонава, а славењето веќе беше почнато додека останатите возачи ја завршуваа трката.

Зад Хамилтон на второто место заврши Верстапен, Ботас како трет се искачи на подиумот, а сите тројца беа побрзи од останатите за цел круг. Разликата меѓу Хамилтон и Верстапен беше нешто повеќе од 23 секунди.

Перес и Строл ја комплетираа топ 5 листата, Фетел заврши седми, додека вториот болид на Ферари со кој управува Леклер предвреме ја заврши трката.

- Оглас -

Најнови вести