Додека го чека новиот тренер, Евертон договори трансфер вреден 45 милиони евра

Англискиот премиерлигаш Евертон наскоро ќе го промовира Шон Дајш за наследник на Френк Лампард на клупата, но тоа не го спречи да продаде еден од клучните играчи.

„Карамелите“ се договорија со Њукасл за трансфер на Антонио Гордон на „Сент Џејмс парк“.

Младиот играч од средниот ред во последните три дена не ни тренираше со останатите соиграчи во Евертон бидејќи го чекаше повикот од Њукасл за да го потпише тоа што го договори пред десет дена.

Евертон за продажбата на Гордон ќе инкасира 45 милиони евра, а трансферот треба да се официјализира викендов.

- Оглас -

Најнови вести