Ништо од Бјелса, Шон Дајш ќе биде нов менаџер на Евертон

Поранешниот тренер на Барнли, Шон Дајш, наскоро и официјалнио ќе биде промовиран како нов менаџер на премиерлигашот Евертон. Се шпекулира дека договорот ќе биде со важност до јуни 2025 година.

Дајш на клупата на Карамелите го наследува Френк Лампард, кој беше сменет во понеделникот.

Главен кандидат за добивање на функцијата беше Аргентинецот Марсело Бјелса, кој дојде во Англија на преговори, но популарниот Локо имал сомнежи околу тоа дали тимот физички ќе може да го издржи неговиот стил на игра, а Бјелса бил и поскапата варијанта од 51-годишниот Дајш.

Дајш со Барнли двапати влегуваше од Чемпионшип во Премиер лигата, а кога ги водеше во елитата, беа пласирани во горната половина на табелата, еднаш ги одведе и во европските купови.

Следен премиерлигашки меч на Евертон е оној против лидерот Арсенал на „Гудисон парк“, на четврти февруари.

- Оглас -

Најнови вести