Фудбалерите на Овиедо и Еспањол не играа во првите 10 секунди од мечот, само стоеја во место по првиот судиски свиреж, и на таков начин изразија револт и протест против одлуката во декември лигашкиот меч на Вилјареал и Барселона да се игра во САД, поточно во Мајами.
Додека траеше краткиот протест кој го најави асоцијацијата на шпански фудбалери, Ла Лига го цензурираше тој дел и во телевизискиот пренос се даваше снимка од надворешноста на стадионот во Овиедо, па само тие што беа на стадионот беа сведоци на протестот.