Пред просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), синоќа свечено беа доделени сертификатите на македонските судии за управување со ВАР системот.
Овој настан претставува официјален чекор кон воведување на видео-асистент технологијата во Првата македонска фудбалска лига од следната сезона.
Со имплементацијата на ВАР системот во мак-фудбалот треба да се намалат грешките во судењето.
На церемонијата, секој од судиите го кажаа своето мислење за ВАР системот во само три збора. Најчестите коментари беа: „фер, транспарентен, напредок“, „одговорност, технологија, доверба“, или „помош, прецизност, иднина“.
ФФМ најавува дека ВАР ќе биде активен од самиот почеток на новата сезона, а судиите се подготвени да ја прифатат оваа нова ера во мак-фудбалот.