Договорот е сѐ поблиску: Нејмар ги пакува куферите и се враќа во Барселона

Нејмар е се поблиску до враќање во Барселона. Ова станува се поверојатно, по денешниот состанок на луѓе од Барселона во Париз со челниците на Пари Сен Жермен.

Постојат две варијанти кои се остварливи за Нејмар да се врати на „Камп Ноу“. Првата е Барселона да плати 100 милиони евра, плус да ги даде Дембеле и Семедо, но сепак поверојатно е дека трансферот ќе биде само во пари, без додаток на играчи.

Барселона ќе плати 160 милиони евра на две рати за даго купи играчот кој пред две години во ПСЖ го продаде за рекордни 222 милиони евра. Тоа значи дека Барселона ќе го врати Бразилецот за 62 милиони евра помалку од тоа што доби за неговата продажба.

 

- Оглас -

Најнови вести