Дојде денот кој милиони навивачи го чекаа 30 години! (Видео)

Цели 30 години чекање. Три децении сонување, надеж и разочараување за на крајот да дојде толку посакуваниот ден. Денот кога Ливерпул ќе го крене шампионскиот трофеј во Англија и официјално ќе биде крунисан за првак во Премиер лигата.

Милиони навивачи на гигантот од „Енфилд роуд“ трепереа и сезонава иако Ливерпул со игрите на теренот покажа дека е доминантен. Кога дојде време за Ливерпул уште во март да стигне до недостижна предност пред ривалите, се случи светската пандемија со опасниот корона-вирус. Првенството беше прекинато, некои шпекулации дури најавуваа дека Премиер лигата нема да се доигра, а со тоа во вода ќе паднат сите победи на Ливерпул, а титулата нема да биде доделена.

Сепак, по повеќе од три месеци чекање фудбалот во Англија продолжи, а Ливерпул покажа дека едвај чека за да стигне до трофејот. На седум кола до крајот првпат беше познат шампионот во Англија, но трофејот уште не е доделен. Тоа ќе се случи денеска.

Ливерпул на својот „Енфилд роуд“ го пречекува Челзи, а средбата ќе биде во втор план за домаќините затоа што единствено важно е да се крене шампионскиот пехар и да се однесе во клупските витрини.

Од Ливерпул синоќа пуштија еден видеоклип на кој се гледа како течела подготовката за прославата која вечерва ќе следува.

- Оглас -

Најнови вести