15.8 C
Skopje
четврток, 23 октомври 2025

Дојде како големо засилување, а сега бара излез од „Олд Трафорд“

По разочарувачкиот период на „Олд Трафорд“, 24-годишниот Џошуа Зиркзе планира нов почеток за да ја спаси својата кариера и да ги задржи шансите за настап на Светското првенство.

Според англиските медиуми, Зиркзе во јануари ќе побара трансфер од Манчестер јунајтед.

Холандскиот напаѓач е свесен дека нема иднина во клубот и сака да најде средина каде повторно ќе игра редовно. Најсериозен интерес за неговиот потпис моментално покажува Вест хем.

Зиркзе пристигна на „Олд Трафорд“ од Болоња во трансфер вреден 36 милиони фунти, во времето кога Ерик тен Хаг беше менаџер. Очекувањата беа големи, но реалноста се покажа поинаква.

Холанѓанецот не успеа да се наметне и брзо стана цел на критики од навивачите поради недостигот на голови. Минатата сезона постигна само седум погодоци во 49 настапи во сите натпреварувања.

Во тековната сезона ситуацијата е уште полоша, тој одигра само четири натпревари и нема постигнато гол во Премиер лигата речиси десет месеци. Неговиот последен лигашки погодок датира од декември минатата година.

Актуелниот менаџер на Јунајтед, Рубен Аморим, јасно стави до знаење дека Зиркзе не е дел од неговите долгорочни планови. Дополнителен удар за напаѓачот беа летните засилувања, Брајан Мбеумо, Матеус Куња и Бењамин Шешко, со чие доаѓање Зиркзе падна уште подолу во тимската хиерархија.

- Оглас -

Најнови вести