26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Дојде ред Барселона да се радува против Реал

Барселона – Реал Мадрид (21 ч.)

Реал Мадрид води со 2:0 во финалната серија. Посебно неверојатен беше начинот на којшто Кралскиот клуб стигна до победата пред два дена. Барселона водеше со осум разика на 80 секунди до крајот, но загуби. 

Сега, Каталонците се пред своите навивачи и треба да покажат дека брзо закрепнале од шокот. Интересно е што пред да започне финалната серија, Барселона сезонава во пет меча против Реал се радуваше на четири победи. Токму затоа се очекува вечерва да намали на 1:2 во победи и да го направи неизвесно финалето.

Освен конечен тип, за овој меч има понуда и за поени на играчите, која може да ја видите на Sport Life.

Предлог тип: 1-1 (2.40) – квота на денот во Sport Life

 

Аргентина – Парагвај (02:30 ч.)

Дали ќе има крај на разочарувањата на Аргентина? Гаучосите загубија во првото коло на Копа Америка, а играта против Колумбија повторно покажа немоќ кај Лионел Меси и соиграчите. Сега следи нов предизвик за Аргентина, а евентуален нов кикс може да значи и збогување од континенталното натпреварување уште по групната фаза.

Ако Меси и соиграчите не се кадарни да го победат Парагвај, кој покажа нестабилност во играта и на меч со Катар, тогаш сигурно не се тим за висок пласман.

Предлог тип: 1&2-4 (2.20) – квота на денот во Sport Life

 

Шпанија У21 – Белгија У21 (21 ч.)

Дуел на две селекции кои претрпеа пораз во првото коло на ЕП. Шпанија секогаш важи за фаворит, па затоа и не смее да си дозволи нов неуспех. Играчи од типот на Мајорал, Себалјос гарантираат погодоци за „црвената фурија“. Белгија против Полска беше фаворит, но загуби со 2:3, а сега во улога на аутсајдер ќе се обиде да изненади.

Се работи за две селекции чија филозофија е напад, па затоа и може да се очекуваат погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.83)

 

Шкотска (Ж) – Аргентина (Ж) (21 ч.)

Ако машката селекција на Аргентина мора да победи на Копа Америка, тоа важи и за женскиот состав, кој е на Светското првенство. Гаучосите по првите две кола немаат дадено ниту еден гол, а примија само еден погодок. Шкотска двапати загуби со по 1:2 од Јапонија и Англија, но останува со надеж дека со победа може да помине во нокаут-фазата како третопласирана.

Еден гол може да биде доволен да биде решен победникот, а интересно е тоа што реми нема да им одговара на ниту една од двете селекции.

Предлог тип: Х2&0-2 (3.30)

 

Шангај – Јеонбук (14 ч.)

Прв меч од осминафиналето во азиската Лига на шампиони. Шангај е фаворит на свој терен. Во групната фаза Шангај на свој терен имаше две победи и едно реми. Јеонбук покажа дека има цврста одбрана и на шест дуели прими само три гола, но факт е дека Шангај го има најдобриот напад и 13 погодоци не се за занемарување, дека и денеска ќе биде ефикасно.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

- Оглас -

Најнови вести