Дојде со кеса од пазар, даде гол во ЛШ и си замина со такси

Барселона фуриозно започна во Лигата на шампионите откако со 5:1 славеше над Ференцварош на „Камп ноу“. Петте погодоци беа дело на пет различни стрелци, а меѓу нив беше и Педро Гонзалес Лопес, попознат како Педри. Талентираниот 17-годишен Педри игра во офанзивниот дел и е голема надеж на Барселона.

За Педри ова беше прв погодок во сениорскиот тим на Барселона, а покрај со играта на теренот, овојпат вниманието го привлече и со тоа како дојде и како си замина од стадионот. Педри пристигна со кеса од супермаркет, а потоа си замина со такси.

Освен Педри, гол синоќа даде и Ансу Фати кој исто така нема 18 години и со тоа Барселона стана првиот клуб кој во своите редови имал двајца малилетни стрелци на меч од Лигата на шампиони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести