Дојде време за прв пораз на Мамузите

Ланус – Бока јуниорс (фудбал, Аргентина, 01.20 часот)

Дербито на колото во аргентинската лига носи натпревар на кој коефициентите во Sport Life се и повеќе од примамливи за да играте на конечен тип. Бока во минатото коло загуби, но се чуваше за дуелот со Ривер, па сега, откако испада од Копа Либертадорес, целосно се фокусира на домашната лига. Бока сезонава има примени само два гола. Ланус со победа би избил пред Бока на табелата, додека гигантот од Буенос Аирес со триумф би се искачил на прва позиција. Прогнозираме дека едниот тим нема да даде гол.

Предлог тип: НГ (1.66)

 

Гојас – Фламенго (фудбал, Бразил, 00.00 часот)

Фламенго ако победи, ќе создаде предност од 10 бода во однос на вториот, па ќе може да се фокусира на финалето во Копа Либертадорес. Фламенго не знае за пораз од 4 август наваму и секако е фаворит и против Гојас. Гојас е опасен домаќин, а четири од последните пет домашни меѓусебни дуели против Фламенго беа со 0-2 гола, но последен пат играле пред четири години.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.25)

 

Интернасионал – Атлетико Паранаенсе (фудбал, Бразил, 01.30 часот)

Ова е дуел на тимови кои се во горната половина на табелата во бразилската Серија А и слични се според квалитетот, а и моментната форма. Од 2000 година наваму, секогаш на нивните мечеви има барем по еден гол. На 19 септември, во меч од Купот, Атлетико како гостин славеше со 2-1 во Порто Алегре, но во лигашки меч за бодови, Интер не загубил дома од Атлетико уште од 1998 година.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (2.00)

 

Лос Анџелес клиперс – Сан Антонио спарс (кошарка, НБА, 03.30 часот)

Спарс на ова тешко гостување доаѓа со биланс 3-0, додека Клиперс има 3-2. Ова е посебно значаен меч за Кавај Ленард, кој ќе игра против клубот чиј дрес го носеше седум сезони. Клиперс без Ленард загуби од Јута, но вечерва крилото би требало да настапи и мотивиран ќе го предводи својот нов тим за кој потпиша летово. На последните три меча на овие тимови во Лос Анџелес паѓаа над 220 поени.

Предлог тип: 1 (1.52)

 

Њу Орлеанс пеликанс – Денвер нагетс (кошарка, НБА, 02.30 часот)

Пеликаните силно ја посакуваат првата победа сезонава, но „Грутките се поквалитетни и не сакаат да бидат првиот тим кој загубил од Њу Орлеанс, во кого ќе ги нема Зион Вилијамсон и уште неколку повредени. Денвер тргна со три победи, па потоа синоќа загубија и речиси на сите мечеви паѓаа помалку поени од зададената граница. Овие тимови не играле меѓу себе од март наваму.

Предлог тип: <228.50 (1.68)

- Оглас -

Најнови вести