Хабиб Нурмагомедов ја доби борбата против Конор Мекгрегор, за која уште долго ќе се зборува. И покрај тоа што беа возбудливи четирите рунди, кулминацијата се случи откако заврши борбата. Нурмагомедов победи, а веднаш потоа скокна надвор од октагонот, сакајќи да се тепа и со еден од помошниците на Мекгрегор.
Во еден момент, во октагонот влетаа помошниците на Нурмагомедов, а Мекгрегор тоа го искористи прв да удри додека се наоѓаше на оградата од борилиштето. Веднаш потоа настана и хаос во рингот, а Ирецот доби контранапад од двајца кои беа во таборот на Хабиб. Најпрво беше нападнат од едниот, и тоа од зад грб, а додека се бранеше од него, дојде вториот напад.
За Зубари Тухугов и Ислам Махачев, кои се помошници на Хабиб, веднаш беше побарано да добијат доживотна суспензија. Сепак, оваа снимка на која се гледа дека Мекгрегор прв удира еден од нив, може да биде во корист на членовите од таборот на фајтерот од Дагестан.
New footage from UFC 229 reveals Conor McGregor throwing the first punch at members of @TeamKhabib, explains why he dropped charges! #Khabib #KHABIBvsMcGregor pic.twitter.com/WODY7RVqWr
— BARKAT ILLAHI (@barkat_illahi) October 7, 2018