Доказ дека не е за големи мечеви: Халанд одигра шест финалиња со Сити и нема дадено ниту еден гол

Ерлинг Халанд повторно заврши како најдобар стрелец во Премиер лигата. Младиот норвешки голгетер сезоната ја заврши со 27 погодоци и сигурно е еден од најзаслужните што Граѓаните повторно се шампиони на Англија.

Сепак, Халанд разочара во финалето на ФА Купот, кога Сити загуби од градскиот ривал Манчестер јунајтед со 1:2. Многумина прстот го вперија токму кон Халанд кој едноставно се губи кога игра финале во некое натпреварување.

Откако е дојден во Сити, Халанд има одиграно шест финалиња и досега нема постигнато ниту еден погодок, што секако е разочарувачки факт за играч од светски калибар.

Сити со Халанд во тимот досега играше во финалето од Лигата на шампиони, потоа по две финалиња во ФА Купот и во Комјунити шилд, како и меч за трофејот во Суперкупот на Европа, а името на норвешкиот голгетер никаде го нема меѓу стрелците.

- Оглас -

Најнови вести