Доказ дека нема поволни услови за игра во Англија (видео)

Голем дел од денешните натпревари ширум Европа се откажаа поради неповолни временски услови за игра. Ураганот Сабине носи ветришта од 100 км/ч, а колку беше тешко да се игра под такви услови може да се докаже во следното видео.

Меѓу откажаните натпревари беше и дуелот Манчестер сити – Вест хем, Островот исто така е зафатен од ураганот, особено се почувствува во Лондон.

На средбата од Шампионат лигата меѓу Милвол и ВБА која заврши со триумф од 2-0 во корист на гостите, играчите воедно водеа битка и со силниот ветер, како и меѓусебе на теренот. При ситуација да се изведе корнер, гостинските фудбалери не можеа да ја задржат топката во место, не помогна ниту судијата кој дојде да ја гази тревата за да се направи дупка за топката да може да стои.

- Оглас -

Најнови вести