6.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Доктор му порача на Гудељ да размисли за својата кариера откако по вторпат колабира на терен

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ по вторпат само за осум месеци колабира за време на натпревар, поради што доби совет од доктор добро да размисли за својата кариера.
Животот на фудбалерот на Кордоба изминатиот викенд му беше спасен благодарение на дефибрилаторот кој му бил вграден по првото колабирање и со кој му се регулира работата на срцето.
Поради вториот инцидент, се огласи докторот кој е специјалист за спортска медицина, Давид Гутиерес, и тоа во емисијата „Гол а гол“ на телевизијата Сур.
„Гудељ мора да размисли за напуштање на фудбалската кариера“, рече Гутиерес.
Фудбалерот по колабирањето на теренот, бил однесен во болница, од каде што за брзо бил отпуштен и се вратил во Кордоба заедно со тимот.
- Оглас -

Најнови вести