Доктор Томас Милер ја знае дијагнозата што ја мачи Барселона

Барселона доживеа голем неуспех по поразот од Баерн Минхен со 3:0 на „Алијанц арена“ и за првпат по 20 години испадна во фаза по групи во Лигата на шампионите, а стрелецот на првиот гол, Томас Милер објасни зошто шпанскиот гигант потфрли.

„Фудбалерите на Барселона технички и тактички се извонредни играчи, но според мене не можат да играат на високо ниво, односно да го следат интензитетот на темпо потребно за добри резултати во Лигата на шампионите“, изјави Милер.

Милер и даде 8 гола на 7 меча кои ги играл против Барселона и ниту еден друг фудбалер во историјата на ЛШ нема таков учинок против шпанскиот гигант.

Барселона делуваше безидејно, иако и требаше победа против тим што веќе беше осминафиналист и за Баерн мечот беше без преголемо резултатско значење, односно играа само за престиж.

Баерн делуваше надмоќно и по четвртипат по ред ја декласира Барселона и на сите натпревари најмалку по трипати има ја тресеше мрежата на Каталонците.

 

 

- Оглас -

Најнови вести