„Доктор“ за Серија А, со 50 денари си доби повеќе од 2.000 евра

Обложувач од Гостивар како со мерак да чекал да започне италијанската Серија А. Вчера успеал да состави тикет од шест меча, од кои четири се од италијанското првенство, и со вложени 50 денари да добие 132.464 денари. Лесно ги погодил двете голеади. На Рома – Џенова одигра 4+ (3:3), а СПАЛ – Аталанта ја типувал ГГ3+ (2:3). Буил сигурен во победа на Лацио против Сампдорија (0:3) и триумф на Торино против Сасуоло во меч со три гола (2:1).

Иако на добитниот тикет најмногу мечеви има од Серија А, дуелот со најголем коефициент е од Франција. Типот дека Рен ќе го добие Стразбур на гости во двете полувремиња е со коефициент 10. Рен даде по еден гол во двете полувремиња, а среќата на прогнозерот од Гостивар е голема бидејќи Стразбур во 40-тата минута утна пенал.

Многумина се жалат дека „паднаа“ на поразот на Тотенхем од Њукасл (0:1), но овој пар на добитниот тикет е одигран на голови, и тоа 0-2.

НА ПОВЕЌЕ ПОГОДЕНИ ПАРОВИ, ГРАТИС Е „ЗАЧИН“ ОД ФИБОНАЧИ БОНУСОТ

Варијантата да се игра на посигурни коефициенти и на фаворити му се исплатеше на обложувач во Аеродром. Наредени 14 пара за добивка од 99.909 денари со уплата од 50 денари. Дури 13 од двојките се со коефициенти меѓу 1.50 и 1.95, што покажува дека играњето на реални комбинации е ефикасен.

Кога се играат повеќе вакви парови, секогаш добивката е „зачинета“ и со Фибоначи бонусот. На тикетот уплатен во Аеродром тој бонус е 25.350 денари.

Над 20.000 бонус има и на добитниот тикет уплатен во Вевчани. На 15 погодени парови со 20 денари, добивката е 64.454 денари, а повеќе од една третина од добивката е благодарение на Фибоначи бонусот. На овој тикет преовладуваат мечеви кои се играат доцна навечер, односно рано наутро во земјите од Северна и Јужна Америка.

ВЕРБАТА ДЕКА ЌЕ БИДЕЛ ГОЛ-ГОЛ ВО ВТОРО, ДОНЕСЕ 3.000 ЕВРА ВО ПЕШТАНИ

Шест погодени натпревари има и на тикетот одигран во Пештани. Дали некој локален играч или турист кој летува на Охридското езеро ќе биде побогат за 189.035 денари, и тоа со вложени 150 денари? Филозофијата е едноставна, на шест натпревари дека во второто полувреме двете екипи ќе дадат гол.

Сите првенства во Европа се започнати и сега понудата е огромна. Овие четири тикети покажуваат дека постојано има шанса за добивка, само треба да се одберат вистинските варијанти.

 

- Оглас -

Најнови вести