Среќен беше изминатиов викенд за многумина обложувачи во Sport Life. Погодени се многу тикети кои донесоа многу радост, а ние ви издвојуваме неколку уникатни погодени ливчиња.
ИСКОРИСТЕН НЕДЕЛНИОТ БОНУС, ПА ДОБИВКАТА Е ЗГОЛЕМЕНА ЗА 33.596 ДЕНАРИ!
Мајсторски тикет на кој се вложени само 30 денари донесе добивка од 369.561 бруто, а одиграни се само шест натпревари. Тактиката на сите шест дуели е иста, а тоа е да биде гол-гол во прво полувреме, односно двата тима да постигнат барем по еден погодик во првите 45 минути.
На дуелот Кортријк – Ројал Унион домаќините на полувремето водеа со 2:1, а Андерлехт дома губеше со 1:2 на полувреме од Мехелен. Во дуел од боливиското првенство, уште во првите 10 минути имаше по еден гол во мрежите на Санта Круз и Либертад Гран Маморе.
Во втората лига на Чиле, Депортиво Икукуе и Морнинг одиграа 2:2, а на полувреме резултатот беше 1:1. Во првата лига на Чиле, Унион Комерцио и Алијанз Лима на полувреме играа со резултат 1:1. Последниот погодок на меч од овој неверојатен тикет е дуелот од уругвајското првенство меѓу Феникс и Данубио, каде што во првите 45 минути резултатот беше 1:1.
На овој неверојатен тикет искористен е и неделниот Happy hour 10 % Бонус, кој важи за уплатени тикети во недела во период од 18 до 23 часот. Оваа понуда е дел од Sport Life менито, кое за секој ден нуди различни изненадувања.
ГОЛОТ НА СЕВИЛЈА ВО 90+4 МИНУТА ДОНЕСЕ РАДОСТ ВРЕДНА 1.500 ЕВРА
Со иста игра на сите 11 меча до добитна комбинација стигна обложувач кој уплати во Воска. Со 50 денари, бруто-добивката е 91.827 денари, а играта е да има барем еден гол на полувреме, а на крајот да биде 3+.
Одиграни се мечеви од атрактивните европски лиги и погодени се: Борнмут – Вест хем 0:4 (0:3), Њукасл – Тотенхем 6:1 (5:0), Мајорка – Хетафе 3:1 (0:1), Севилја – Вилјареал 2:1 (1:0), ПСВ – Ајакс 3:0 (1:0), Феенорд – Утрехт 3:1 (1:0), Ленс – Монако 3:0 (2:0), Мајнц – Баерн Минхен 3:1 (0:1), Херта – Вердер 2:4 (0:2), Јанг Бојс – Сервет 6:1 (4:0) и Галатасарај – Караѓумрук 3:3 (2:3). На дуелот Севилја – Вилјареал, домаќините до победа од 2:1 стигнаа со погодок во 94-тата минута и тоа беше најкритичниот меч за овој тикет.
СО ТРИ МЕЧА ДО ДОБИВКА ОД РЕЧИСИ 100.000 ДЕНАРИ
Во Охрид е одигран перфектен тикет само на три пара, но на сите три погодени се коефициенти над 12. Комбинацијата полувреме-крај да биде Х-1 и двата тима да постигнат барем по еден гол, донесе бруто-добивка од 97.617 денари со влог само од 50 денари.
Сите три погодени меча се дури и со ист тек на настаните. Реал Сосиедад со 2:1 го победи Рајо Вајекано, а на полувремето беше 0:0. На дуелот Фулам – Лидс немаше голови во првиот дел, а во второто полувреме домаќините погодија двапати, а гостите еднаш, за конечен триумф на тимот од Лондон. Во португалската втора лига, Фаренсе со 2:1 го победи Пенафил, а сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме.
ДЕЛЧЕВО ИМА СВОЈ ЕКСПЕРТ
Изминатиов викенд среќата му се насмевна и на еден обложувач од Делчево кој со 150 денари влог стигна до 102.331 денари бруто-добивка. Одигран е тикет на мечеви од најсилните лиги во Европа, погодени се седум фикса, а два дуела се погодени на Т12+.