-2.2 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

Докторот-херој кој спаси живот на навивач ја доби наградата за ферплеј на ФИФА

Докторот по спортска медицина и специјалист по спортска хирургија Андреас Харлас-Нојкинг е добитник на наградата за ферплеј на ФИФА за 2025 година. Toj e тимски доктор на германскиот тим ССВ Јан Регенсбург од 1995 година.

Во последните 30-тина години имало многу предизвици за докторот, но тоа што се случи минатиот април, пред натпреварот од Втората Бундеслига помеѓу Регенсбург и Магдебург е нешто посебно.

Магдебург беше домаќин, на трибините имаше празничната атмосфера полна, навивачи кои пееја и скандираа, но брзо настана молк кога на еден навивач на домашниот тим му се слоши и буквално се струполи.

Харлас-Нојкинг дозна за ситуацијата од играчите и брзо се упати кон делот за домашни навивачи, прескокнувајќи пречка и реанимирајќи го навивачот. Искусниот доктор, исто така, се погрижи навивачот на Магдебург да биде доволно стабилен за потоа да биде префрлен во локалната болница.

Решителните и спасоносни акции преземени од Харлас-Нојкинг му ја донесоа наградата за ферплеј на ФИФА – чест што се доделува на играч, тренер, тим, службено лице на натпреварот, поединечен навивач или навивачка група како признание за примерно однесување во ферплеј, без разлика дали на теренот или надвор од него.

- Оглас -

Најнови вести