7.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

Долги осум минути ВАР проверуваше и на крајот го поништи голот на Барселона (Фото)

Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на кралот, Атлетико Мадрид води со убедливи 4-0 против Барселона, но вниманието на фудбалската јавност привлече спорниот момент на почетокот од второто полувреме, кога гостите постигнаа гол кој подоцна беше поништен.

Уште во првото полувреме, Атлетико покажа апсолутна доминација. Сите четири гола беа постигнати во првите 45 минути, автогол на Барселона по грешка на голманот Жоан Гарсија и дефанзивецот Ерик Гарсија, а потоа мрежата на гостите ја тресеа Антоан Гризман, Лукман и Хулијан Алварез.

Меѓутоа, најмногу внимание предизвика ситуацијата во 52-та минута. Кубарси постигна гол за 4-1, но судијата побара проверка преку ВАР, која траеше дури осум минути. На крајот, голот беше поништен поради наводен офсајд на Кубарси.

Спорниот момент предизвика гнев кај фановите на Барселона, бидејќи фотографиите прикажани како доказ покажуваат дека црвената линија која го означува офсајдот поминува директно преку ногата на Левандовски, кој беше последниот што играше со топката
.
Овој момент сигурно ќе предизвика долги дискусии и анализи во фудбалскиот свет.

- Оглас -

Најнови вести