Родолфо Борел, кој му е асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, во минатото погрешно ги проценил способностите на Лионел Меси и сметал дека не треба да игра фудбал, туку футсал.
Борел од 1996 до 2006 работеше во школата на Барса, популарната Ла Масија. Беше тренер на генерацијата 1987, во која беа Меси, Сеск Фабрегас и Жарарт Пике.
Ако го послушаа неговиот совет во врска со Меси, Лео немаше никогаш да дебитира за првиот тим на Барса и да направи кариера каква што направи.
Кристијан Ернандес, кој играл со Меси во младинскиот тим на Барса, тврди дека Борел мислел дека Лео не може да биде фудбалер.
„Борел беше јасен, Меси не е играч за првиот тим на Барселона. Тој велеше дека Лео е футсал играч, дека многу ја гази топката, дека многу дрибла, но во реалноста беше поинаку. Лео имаше еден голем квалитет со кој се издвојуваше, секогаш одеше право кон противничкиот гол“, раскажа Ернандес.