Дома си е дома, грузиската сензација од ЕВРО 2024, потпиша за Лион!

Грузискиот репрезентативец, за некои Гиорги за други Жорж Микаутадзе, потпиша четиригодишен договор со некогашниот француски првак Лион.

Микаутадзе беше во друштвото од шестмина најдобри стрелци на Европското првенство во Германија, прикажа одлични игри, па интерес за него имаше од повеќе клубови. Се реши да потпише за „својот“ Лион.

Грузиецот е роден во градот Лион, и тоа во населбата „Жерлан“ каде што е и стадионот на клубот Лион, а беше член на академијата на Лион од 2008 до 2015 година. Најголем дел од кариерата мина во Мец, па француската лига му е добро позната.

- Оглас -

Најнови вести