По неколкумесечна борба и возбудувања, вечерва се комплетира групната фаза од кошаркарската Евролига. Остануваат уште три натпревари да се одиграат за да се комплетираат 34-те кола во елитното натпреварување.
Според квотите кои се нудат, домаќините треба да имаат лесни задачи. Анадолу Ефес, Панатинаикос и Барселона пред своите навивачи треба да донесат радост.
Повеќе од 30-мина кошаркари кои вечерва се очекува да бидат на паркетот се дел од понудата за плус-минус поени. Тука е и понудата за бројот на погодени тројки и на таа понуда има дури 14-мина играчи.