24.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Домаќините се фаворити на сите пет меча

1701 Олимпик Лион – Ница (21 ч.)

Ако Лион е непријатно изненадување во француското првенство, Ница игра одлична сезона и не случајно е втор на табелата. Проблем за Ница е што влезе во мини криза и освои само четири бода во последните четири кола.

Лион сезонава има само три победи во 11 меча дома, а тоа е тимот со втората најслаба одбрана во Лига 1. Во последните 10 меѓусебни средби, двата тима имаат по четири победи, а само двапати било нерешено. Во овие 10 дуели, дури на осум имало минимум два погодоци.

Предлог тип: 1Х&2-5 (2.16)

 

3003 Интер – Салернитана (21 ч.)

Лидерот во Серија А е домаќин на фенерџијата и нема дилеми кој треба да ги освои трите бода. Интер го има најдобриот напад, а Салернитана е со најлоша одбрана. Нераѕурите во 2024 година редат само победи, вкупно седум во низа.

На последните пет меѓусебни дуели, Интер има четири победи и едно реми против Салернитана, а во овој период три пати победувал барем со четири дадени погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (1.84)

 

1801 Келн – Вердер (20:30 ч.)

Ова е многу важен меч за Келн, кој е во зоната за испаѓање и едноставно мора да освојува бодови, посебно пред своите навивачи. Вердер е сигурен на средината од табелата, а овој тим сезонава на гости има пет порази во 10 натпревари.

На последните шест меѓусебни дуели секогаш било гол-гол ситуација, а дури трипати средбите завршувале со резултат 1:1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.97)

 

1301 Вилјареал – Хетафе (21 ч.)

Во последните 10 меѓусебни дуели, Вилјареал нема пораз од Хетафе (седум победи за Жолтата подморница и три ремија). Сега Вилјареал треба да брка освојување на три бода за да отиде подалеку од опасната зона за испаѓање.

Хетафе секогаш игра цврсто во дефанзива и овојпат за гостите ќе биде успех ако не загуби.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.76)

 

1655 Вестерло – Стандард Лиеж (20:45 ч.)

Две екипи кои сезонава како да се специјализирани да одиграат нерешено. Стандард има 10 ремија во 25 кола, а Вестерлно е со осум нерешени во овој период. Гостите го имаат вториот најслаб напад во белгиската елитна лига.

На 10 од последните 11 нивни дуели имало барем два погодока. Вестерло победил четирипати, а Стандард само двапати се радувал на триумф во овој период.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.70)

 

- Оглас -

Најнови вести