Фудбалот доминира, но може да се најдат и мечеви од тенисот и хокејот на коишто има зголемени коефициенти во денешниот Супер тип во Sport Life. Од вкупно 13 фудбалски пресметки, дури на 11 се смета дека домаќините се во улога на фаворити и на тие се зголемени коефициентите.
Возбудувањата ќе започнат уште напладне, кога Висел Кобе на свој терен ќе игра против Церезо Осака, а „кецот“ е со квота од 1.78. Во дерби на втората Бундеслига, Карлсруе дома игра против Шалке, а за победа на домаќините квотата е 2.02.
Динамо Загреб да победи во големото хрватско дерби против Хајдук Сплит е со квота од 1.73, а атрактивни се и коефициентите за игрите на голови како 3+, ГГ3+, комбинацијата победник на меч и 3+ голови…
За единствени гостински фаворити се сметаат Лил на теренот кај Сент Етјен и Шефилд јунајтед на гостувањето на Хал.