Домашната ќе ја победи гостинската Борусија

1004 Арсенал – Вест Хем (21.00 часот)

Арсенал е во подобра форма од Вест Хем, а Топчиите имаат и подобар тим од Чеканите, па тука секој друг исход освен победа на домашните ќе претставува изненадување. Кај Арсенал неизвесни се Давид Луиз и Сократис, па одбраната може да биде ослабена. Арсенал победи без примен гол во првото коло, додека Вест Хем загуби без да даде гол. Ова се два тима кои ретко играат нерешено, а така е и во нивните меѓусебни дуели. Во минатата сезона Арсенал двапати го совлада Вест Хем. Од 2014 наваму, на „Емирејтс“, Арсенал реди само победи против Вест Хем.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.18)

 

3002 Верона – Рома (20.45 часот)

Ова може да биде интересен меч во кој што и да се случи нема да биде изненадување, сите опции се во игра. Верона не се прослави во подготвителниот период, одвај ја победи Горица, а загуби од Кремонезе, за разлика од Рома која имаше појаки противници и редовно даваше барем два гола. Повредите на Ѕаниоло, Пасторе и Пероти се проблем за Волчицата, неизвесно е дебито на Педро, но и Верона има повредени меѓу кои и Лазовиќ. Римјаните имаат позитивна традиција, цели 24 години не загубиле на „Марк Антонио Бентегоди“.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (2.60)

 

1802 Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах (18.30 часот)

Бундеслигата почнува со дерби на два тима кои во минатата сезона беа во трка за титулата, па мотивите кај имењаците ќе бидат на високо ниво, што е предуслов за ефикасен фудбал. Двата тима се некомплетни, но поважни играчи ќе фалат кај гостите. Борусија од Дортмунд има неверојатна серија од 11 победи по ред против Менхенгладбах, а на стадионот во Дортмунд, гостите не победиле од 2014 година.

Предлог тип: 1 & 4+ (3.30)

 

1303 Селта – Валенсија (21.00 часот)

Валенсија летово се соочуваше со финансиски проблеми, се спомнуваше дури и најцрно сценарио дека клубот може да пропадне, си заминаа некои од главните играчи како капитенот Парехо и голгетерот Родриго, повреден е Солер, но Лилјаците во првото коло од новата сезона во Ла Лига покажаа дека не се за жалење. Го победија Леванте со 4-2, а и во пријателските мечеви имаа речиси 100 отстотен учинок. Селта е тврд тим кој често ремизира во последно време и игра претежно неефикасни средби, со не повече од три погодоци. Валенсија нема лигашка победа на гости во 2020 година.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

1540 Порто – Брага (22.00 часот)

Дербито во првото коло на португалската лига ќе заврши некаде пред полноќ, кога веруваме дека Порто ќе се радува на првите три бода. Порто нема играно уште од 1 август, а Брага во септември одигра четири контроли и може да се каже дека е повеќе во ритам отколку домашните. Но, долгата пауза за Порто значи и мотив, одвај чекаат да се појават на терен. Во јануари, Порто загуби на „Драгао“ од Брага, и сега ќе сака да се реваншира.

Предлог тип: 1 (1.65)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Манчестер јунајтед – Кристал Палас 1-1 & 2-5 (2.70)

Б. Дортмунд – Б. Менхенгладбах Т1 2+ & ГГ (2.15)

Арсенал – Вест Хем 1пдг & 1 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести