Домашните екипи ќе доминираат, ефикасно ќе биде во Англија и Холандија (Фото)

1952 Фенербахче – Аланијаспор (20:00)

Фенербахче како лидер во турското првенство ја пречекува екипата на Аланијаспор и сè освен убедлива победа ќе биде голем неуспех за избраниците на Жозе Мурињо. Гигантот од Истанбул не успеа да стигне до групите на Лигата на шампионите и беше елиминиран од Лил, а имаше и еден кикс во првенството, кога одигра само 2-2 против Ѓозтепе, па сега фудбалерите на Фенербахче веќе немаат право на кикс. Минатото коло го победија Ризеспор на гости со 0-5, а против денешниот противник имаат пет победи на последните шест натпревари.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.30)

 

3132 Чукарички – Текстилац (20:30)

Екипата на Чукарички како голем фаворит го пречекува дебитантот во српската Супер лига, Текстилац, дуел што ќе биде одлична можност за фудбалерите од Баново Брдо да се вратат на победничките патеки по поразите од Црвена ѕвезда и Младост Лучани. Овие две екипи никогаш претходно немаат одиграно меѓусебен натпревар.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II  (1.90)

 

1011 Лутон – КПР (21:00)

Дуел на две екипи кои имаа лош старт на сезоната во англиската Чемпионшип дивизија. Лутон има само бод, а КПР два, но затоа двете екипи играат ефикасно оваа сезона. Домашните имаат шест гола на три натпревари, додека гостите 10, што е гаранција за ефикасен фудбал вечерва.

Предлог тип: : 1-3I&1-3II  (1.91)

 

3002 Интер – Аталанта (20:45)

Фудбалерите на Интер одбраната на титулата во Серија А ја започнаа со четири бода од можните шест, а вечерва се пред нов тежок предизвик. Во Милано гостува одличната екипа на Аталанта, која сепак, и покрај одличните резултати во последните сезони, го нема победено Интер од 2018 година, односно 12 натпревари по ред. Два од последните три меѓусебни дуели на овие две екипи завршија со голови во двете мрежи.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.10)

 

1630 РКЦ Валвијк – АЗ Алкмар (20:00)

Холандскиот фудбал е синоним за голем број голови, а така се очекува да биде на дуелот помеѓу РКЦ Валвијк и АЗ Алкмар. Последните два меѓусебни натпревари на овие две екипи завршија во корист на АЗ Алкмар со 3-2 и 3-1, а на четири од последните пет меѓусебни дуела имаше голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+  (2.13)

- Оглас -

Најнови вести