19.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

Домашните екипи ќе доминираат во Евролигата

Три меча ќе се играат денеска во 28. коло на кошаркарската Евролига и на сите три, фаворити за победа се домаќините. Панатинаикос е голем фаворит на свој терен против претпоследнопласираната екипа на АСВЕЛ, која има само шест победи и дури 21 порази.

Лесна задача треба да има и Басконија која пред своите навивачи со игра против „фенерџијата“ АЛБА Берлин. Германскиот тим сезонава има дури 12 порази и само една победа на гостински терен, па јасно е зошто Басконија е фаворит.

Партизан има тешко гостување во Милано во меч на кој двете екипи се борат за позиција која ќе ги одведе во плејофот.

Тука се и одличните игри за бројот на поени, скокови и асистенции на кошаркарите кои треба да се појават на терените во Евролигата, а на вас останува да ја најдете вистинската „плус-минус“ комбинација.

 

- Оглас -

Најнови вести