32.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Домашните екипи ќе доминираат, во Шведска ќе биде ефикасно (Фото)

3175 Копер – Приморје (20:00)

Копер и Приморје имаа победнички старт на почетокот од новата сезона во првенството на Словенија. Двете екипи победија минимално, со 2-1, односно 3-2, но вечерва фаворитската улога ја има домашната екипа. Минатата сезона Копер заврши на третата позиција, додека Приморје беше шести, а бодовната разлика помеѓу нив на крајот беше 23 поени.

Предлог тип: 1 & Т1 2+ (1.83)

 

2608 Елфсборг – Гетеборг (19:00)

Интересен меч се игра во првенството на Шведска, каде што се среќаваат Елфсборг и Гетеборг. Двете екипи се во златната средина, но со шанси да се пробијат до местата кои водат во фудбалска Европа. На 16 натпревари на Елфсборг оваа сезона се постигнати 46 гола, додека на еднаков број дуели на Гетеборг имало 43 гола. Според просекот, ефикасниот фудбал нема да изостане ниту вечерва.

Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.87)

 

2834 Стјарнан – Афтурелдинг (21:15)

Домашниот состав на Стјарнан е во мала фаворитска предност во однос на Афтурелдинг, па очекувањата се дека нема да загубат. Сепак, она што ќе биде неизбежно на овој меч се головите, кои ќе ги има најмалку три. Последните три натпревари на овие две екипи завршуваа најмалку со по три гола, а на два од нив имаше дури и по пет.

Предлог тип: 1Х & 3+ (1.90)

 

3601 Б36 Торсхавн – ТБ Творојри (20:15)

Составот на Б36 од Торсахвн на домашен терен го пречекува „фенерџијата“ во првенството на Фарските Острови, ТБ од Творојри. Сè освен убедлива победа, која ќе биде обезбедена уште во првото полувреме, ќе биде големо изненадување. Домашните се на четвртата позиција и се надеваат дека ќе се изборат за пласман во европските купови, па на вакви „лесни“ натпревари не смее да си дозволат кикс.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.22)

 

3625 Хегелман – Ритеријаи (19:00)

Фудбалерите на Хегелман се на добар пат да обезбедат излез во фудбалска Европа за следната сезона, а за да задржат чекор со водечките, потребна им е победа на домашен терен против Ритеријаи. Гостите се на претпоследната позиција, деветта, во првенството на Литванија, па до крајот ќе водат битка за опстанок во лигата. Хегелман има шест победи по ред против денешниот противник, а последниот меч заврши со нивна победа од 2-4 на гостински терен.

Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (1.66)

- Оглас -

Најнови вести