Навивачки протест во Германија поради правилата кои ги најавуваат властите

Илјадници фудбалски навивачи денеска низ улиците на Лајпциг протестираа против планираните мерки на министерството за внатрешни работи на Германија. Навивачите на сите клубови маршираа во една заедничка поворка, без разлика дали станува збор за фанови на Баерн, Штутгарт, Лајпциг, Дрезден, Ханза Росток…

Полицијата и политичарите сакаат дополнително да ги заострат правилата за одење на стадионите за наводно да ги направат „побезбедни“, иако статистиката покажува дека германските стадиони се веќе безбедни.

Поради ова, навивачките сцени низ Германија ја гледаат својата навивачка култура во опасност и се собираат во Лајпциг за да протестираат заедно и мирно против најавените мерки.

Властите предлагаат да се направат персонализирани билети, користење на технологија за препознавање на лица, и основање на комисија за забрана за влез на стадиони.

Германија, утревечер во Лајпциг ќе игра против Словачка во рамките од последното коло во квалификациите за СП 2026, што ќе биде директен дуел за првото место во групата кое носи „виза“ за место на завршницата на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести