Доминација на дамите во Типстер купот за октомври, на првите три места се жени!

Даниелка Климевска од Битола е победничка за месец октомври во популарниот Типстер куп на Sport Life, откако минатиот месец имаше 11 добитни тикети кои ги исполнуваат условите што се бараат во играта и заслужено ја освои наградата од 100.000 денари.

Октомври беше месец во кој жените се покажаа како одлични прогнозери во Типстер купот, на победничкиот подиум се три дами, па второто место го освои Магдалена Данилова од Добрејци, Струмица, со 10 добитни тикети, додека третото место ѝ припадна на Љуба Климевска од Битола, со 9 добитни тикети. Магдалена доби 30.000 денари, а Љуба 20.000 денари.

Типстер купот има десет месечни етапи, секој месец ќе се доделуваат по 100.000 денари за најуспешниот. Поминаа два месеца, а сега се води изедначена борба за најдобар типстер во ноември.

СОНОТ СЕ ПРЕТВОРИ ВО ЈАВЕ, СУЕВЕРИЕТО Ѝ ДОНЕСЕ 100.000 ДЕНАРИ

Даниелка вели дека нема некоја посебна тактика при обложувањето, се потпира на интуицијата и среќата.

„Уплаќам на мали суми, најчесто 20 денари. Инаку редовно го играм Типстер купот и уплаќам само во Sport Life, која ја сметам за моја среќна обложувалница. Сонував дека ќе добијам некоја голема добивка во Sport Life и затоа од некое суеверие, решив да играм само таму и во ниту една друга обложувалница“, раскажува Даниелка.

„Ги следам сите екипни спортови и можам да кажам дека многупати сум имала среќа, имало ситуации кога голови што ми требале, паѓале во финиш и тикетите станувале добитни. Тоа важи и за утките, често се случува да паднам само на еден натпревар или еден гол.“

БИТОЛЧАНКИТЕ САКААТ ДА СЕ ОБЛОЖУВААТ

„Дали има многу девојки и жени во Битола кои се обложуваат? Има, и тоа многу, имам и другарки кои уплаќаат. Нема да биде интересно ако само мажи се појавуваат во обложувалница“, вели Даниелка.

„Реално, водев на табелата, но последните 4-5  се плашев дека може да паднам, имав лоша среќа, на некои натпревари екипи кои беа фаворити киксираа, немав многу добитни тикети, паѓав за малку, ама ете, изгледа и конкурентите немаа добитни тикети, па го освоив првото место. Последниот ден кога видов дека не може да ме стигнат, ми беше најсреќен“, рече среќната битолчанка.

За Климевска, овие 100 илјади денари ѝ се највредна добивка што ја имала.

„Пред две-три недели добив 10.290 денари и тоа ми беше највреден добитен тикет. Овие 100.000 се далеку над сите добивки што сум ги имала. Имало многу тикети кои не излегувале поради еден меч, еве сега неодамна Италија што не победи против Северна Ирска, ми зеде 8.500 денари. Немам некој омилен тим на кој најчесто се обложувам, уплаќам според интуиција, а не навивачки“, заклучува шампионката на Типстер купот за минатиот месец.

- Оглас -

Најнови вести