Доминација на домаќините: 5 од 5 во Премиер лигата

Манчестер јунајтед конечно одигра како што посакуваат навивачите на „Олд Трафорд“. Најтрофејниот англиски клуб стигна до убедлив триумф од 4:1 против последнопласираниот Фулам, во меч од 16. коло на Премиер лигата. „Црвените ѓаволи“ сега се искачија на шестото место на табелата.

Победникот на „Олд Трафорд“ се знаеше уште по првото полувреме кога Манчестер поведе со 3:0. Ешли Јанг, Хуан Мата и Ромелу Лукаку погодија за „црвените ѓаволи“. Фулам во 67 минута преку Камара дадоа гол од пенал, кој се покажа како почесен. Конечниот резултат го постави Рашфорд во 83 минута.

Арсенал продолжи во ист стил, да стигнува до победа со голови во второто полувреме. Лукас Тореира во 83 минута беше стрелец на голот вреден три бода за „топчиите“. Интересно е што Арсенал и по овој меч остана единствен тим кој сезонава не водел на полувреме, а најзаслужни за тоа се судиите кои го поништија погодокот на Лаказет во првиот дел.

Резултати: Арсенал – Хадерсфилд 1:0, Барнли – Брајтон 1:0, Кардиф – Саутемптон 1:0, Манчестер јунајтед – Фулам 4:1, Вест хем – Кристал палас.

Во 18:30 часот се игра дербито меѓу Челзи и Манчестер сити, додека од 20:45 часот играат Лестер и Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести