Енцо Рајола, агентот на голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума, зборуваше за иднината на својот клиент во парискиот клуб.
„Донарума е голман на ПСЖ и на италијанската репрезентација и ужива голема почит во неколку клубови, што е сосема нормално. Разговорите за продолжување на договорот започнаа уште минатото лето и тивко работиме во таа насока. Согласно правилата на УЕФА, клубот направи финансиски пресврт и го прилагоди буџетот. Ja прифативме новата политика на ПСЖ за управување со договорите и работиме на можноста за продолжување барајќи најдобро решение, но во овој момент нема итна потреба. Нема контакти со Интер или други клубови. Верувам дека ако играчот биде ставен на пазарот, нема да има проблем да најде заинтересирани тимови“, изјави Рајола.
Оваа сезона Донарума одигра 27 натпревари во сите конкуренции, притоа имаше „чиста мрежа“ на осум од нив.
Неговиот договор со ПСЖ истекува во јуни 2026 година, а неговата пазарна вредност во моментов изнесува 35 милиони евра.