Џанлуиџи Донарума би можело да се врати во Серија А на крајот од оваа сезона.
Поранешниот голман на Милан, кој оваа сезона брани одлично за Пари Сен Жермен, е поставен како приоритетна цел за Интер во летниот преоден рок.
Интер, најголемиот ривал на Милан, е силно заинтересиран да го донесе искусниот чувар на мрежата во своите редови. Доколку овој трансфер се реализира, сигурно ќе предизвика нова „војна“ во Милано.
Донарума и претходно беше поврзуван со враќање во Италија, но со трансфер во Јувентус. Сепак, сега Нераѕурите се најсериозни во намерата да го доведат во својот тим.