Италијанскиот репрезентативен голман Џанлуиџи Донарума веројатно ќе го напушти Пари Сен Жермен уште летово.
Парижаните не се подготвени да му понудат на Донарума толку многу колку што тој побара за обновување на договорот, па затоа разделбата се чини неизбежна на една година пред да истече. ПСЖ не сака да го пушти Донарума следната година без обештетување.
Донарума одлучи да ги слушне понудите од други клубови, а ги има многу. Манчестер јунајтед и Сити се меѓу опциите, како и Баерн Минхен и Челзи. Интерес има и од Галатасарај, но Италијанецот сака да брани во топ 5 лигите.
ПСЖ веќе подготви замена, го сакаат Лука Шевалие од Лил, кој ќе чини најмалку 40 милиони евра.