Бразилецот Винисиус изнуди пенал, и реши да го изведе за да зголеми на 4-0, но тоа го стори многу слабо, лежерно, и Џанлуиџи Донарума без проблем одбрани.
Донарума е познат како голман кој добро брани пенали, а Винисиус е прилично лош реализатор. Во ЛШ, скорот од белата точка му е два гола и две утки. Но, во отсуство на Килијан Мбапе, одлката беше да шутне Винисиус, иако можеби пологичен избор ќе беше Валверде кој даде три гола и преполн е со самодоверба. Сепак, според хиерархијата, веројатно немаше друга опција освен Вини кој им се извини на фановите после утката.

