Бајката на Бодо/Глимт трае

Бодо/Глимт е на прагот на четвртфиналето во Лигата на шампионите и ако успее да го направи тоа, ќе го повтори успехот на Розенборг, кој во 1997 година ја претставуваше Норвешка во четвртфиналето на ЛШ.

Бодо вечерва со 3-0 го победи Спортинг Лисабон и веројатно ќе оди понатаму, каде што го чека Арсенал или Баер Леверкузен.

Освен што бележи добри резултати, Бодо/Глимт, кој во сезоната 2024/2025 не беше ни првак на Норвешка (титулата ја освои Викинг), игра убаво и за око и не случајно се неговите победи во Европа. Ако го помине Спортинг, заслужено ќе биде меѓу осумте најдобри во Европа, нешто што никој не го очекуваше од нив.

- Оглас -

Најнови вести