Џанлкуиџи Донарума им одбрани пенали на Рашфорд, Санчо и Сака и на Италијанците им ја донесе втората титула европски првак, по онаа во далечната 1968 година. По 53 години, Италија повторно е европски шампион, а Англија, која финалето го играше дома, ќе почека друга шанса за прва европска титула.
И Италијанците не се прославија во пенал-рулетот, Пикфорд им ги одбрани шутевите на Берарди и Жоржињо, но сето тоа го надомести голманот Донарума.