Донарума откако беше претепан и ограбен, подготвен е да направи големо предавство само да си оди од Париз

Џанлуиџи Донарума до крајот на преодниот рок би требало да го напушти ПСЖ и да се врати во Серија А, објавија италијанските медиуми.

Голманот на италијанската репрезентација стравува дека повторно може да биде цел на разбојници кои пред неколку недели го ограбија и го претепаа. Тие влегле во домот на Донарума во кој живеел со својата девојка, ги заврзале, ги соблекле голи, голманот добил неколку удари во главата, а потоа им украле пари и работи во вредност од 500.000 евра.

Поради ова хорор доживување, Донарума поднел барање за трансфер и најголем интерес пројавил Јувентус. Оваа вест ја потврди новинарот Ромео Агрести, кој е добро упатен во состојбите во Јувентус.

Доколку потпише за Старата дама, Донарума ќе направи големо предавство бидејќи пред да се пресели во ПСЖ, тој шест години го бранеше голот на Милан.

- Оглас -

Најнови вести