Донарума пак му прави проблеми на Милан

Џанлуиџи Донарума, голманот на Милан, влезе во последната година од договорот со клубот, а за да ја обнови соработката со Росонерите, неговиот агент Мино Рајола ги постави условите.

Донарума моментално е втор најплатен играч во Милан, зад Златан Ибрахимовиќ, со 6 милиони евра годишна плата, па наводно бара платата да му биде зголемена на 10 милиони евра годишно за да остане на „Сан Сиро“. Донарума така би бил убедливо најплатен играч, со оглед на тоа дека Златан заработува 7 милиони годишно, зад нив е капитенот Алесио Ромањоли со 3,5 милиони евра годишна плата.

Слични проблеми правеше Донарума, односно неговиот агент Рајола, пред три години, кога му истекуваше договорот со Милан. Одби неколку понуди пред да ја добие посакуваната сума, па сега на ист начин ќе се обиде да истера по свое.

Доколку Милан не му ја исполни желбата, Донарума во јануари следната година ќе може да преговара со други клубови и да обезбеди ангажман без отштета откако ќе му заврши договорот со Милан по крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести