26.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Донарума се договори со Манчестер сити, но трансферот зависи од бразилскиот голман

Манчестер сити вчера на свој терен загуби од Тотенхем со 0:2, а еден од главните виновници за поразот беше голманот џејмс Трафорд. Чуварот на мрежата на Сити киксираше посебно пред вториот погодок на Тотенхем.

Од Сити најавија дека се подготвуваат за нов голман и тоа Џанлуиџи Донарума од Пари Сен Жермен. Донарума најави дека сигурно заминува од Париз, а се верува дека тој веќе ги има постигнато личните услови со англискиот гигант.

Сити е подготвен да плати 50 милиони евра за доаѓање на Донарума, но сепак трансферот на италијанскиот голман кај Граѓаните зависи и од тоа дали од Манчестер ќе си замине бразилскиот чувар на мрежата Едерсон. За Едерсон се интересира турскиот Галатасарај, но останува да се види дали ќе биде реализиран овој трансфер, за да се ослободи место Донарума да пристигне во Манчестер.

- Оглас -

Најнови вести