24.8 C
Skopje
петок, 29 август 2025

Дончиќ блескаше, но Полска ја шокира Словенија, Јанис сам ја победи Италија

Вториот натпреварувачки ден на Европското кошаркарско првенство заврши со еден очекуван и еден неочекуван резултат. Репрезентацијата на Словенија доживеа непријатен пораз од Полска со 105-95, иако Лука Дончиќ беше најдобар на паркетот со 34 поени.

Словенечките кошаркари лошо го отворија мечот, а клучниот период за поразот беше третата четвртина, која Полска ја доби со 10 поени разлика. Дончиќ и соиграчите во последната четвртина се обидоа да се вратат резултатски, но неуспешно.

Грција со 75-66 славеше над Италија и тоа пред се поради одличниот Јанис Адетокумбо, кој уфрли 31 поен. Нашиот јужен сосед од почеток на мечот најави дека планира да ја оправда фаворитската улога, но Италијанците се вратија во втората четвртина и заминаа на паузата со негатива од само четири поени. Сепак, Грција со убедлива игра во третиот период дојде до убедливо водство, а на крајот и до победата.

- Оглас -

Најнови вести