Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс неочекувано загубија на гостувањето кај Феникс Санс со 113-110, иако имаа двоцифрена предност во текот на третата четвртина. Домашните го презедоа водството во последниот период, потоа Езерџиите успеаја да израмнат на 110-110, но Феникс со тројка дојде до победата.
Убедливо најдобар поединец на теренот беше Лука Дончиќ со 41 поен, на кои додаде по осум скока и асистенции, но и тоа не беше доволно да ја спаси својата екипа од пораз.
Резултати:
Индијана – Шарлот 109:133
Филаделфија – Мајами 124-117
Атланта – Вашингтон 126-96
Бруклин – Сан Антонио 110-126
Орландо – Хјустон 108-113
Чикаго – Портланд 112-121
Далас – Сакраменто 121-130
Феникс – ЛА лејкерс 113-110
Јута – Њу Орлеанс 118-129
ЛА Клиперс – Минесота 88-94

