9.8 C
Skopje
вторник, 6 јануари 2026

Дончиќ и Џејмс блеснаа кога беше најпотребно, Лејкерс надополнија 16 поени негатива и победија (Видео)

Лос Анџелес лејкерс покажаа дека никогаш не се предаваат, посебно кога играат на домашен терен, па славеа против Мемфис гризлис со 120:114, во еден од осумте меча кои се играа синоќа во НБА лигата. Лејкерс лошо го започна мечот па гостите во најголем дел имаа контрола на резултатот. Во еден момент од втората четвртина, Мемфис водеше и со 16 разлика (59:43).

Гостите имаа целосна контрола на резултатот до пред крајот на третата четвртина кога водеа со 85:74, но тогаш како да застанаа. Лејкерс намали на 85:87, а потоа со фуриозна игра стигнаа и до 112:103, по што беше познат победникот.

Лука Дончиќ и Леброн Џејмс беа творци на победата. Дончиќ го заврши мечот со 36 поени, 9 скока и 8 асистенции, додека Џејмс на крајот имаше 26 поени, седум скока и 10 асистенции. За Лејкерс ова беше 22 победа во 33 меч.

Во останатите мечеви: Кливленд – Детроит 110:114, Орландо – Индијана 135:127, Бруклин – Денвер 127:115, Вашингтон – Минесота 115:141, Мајами – Њу Орлеанс 125:106, Феникс – Оклахома 108:105, Сакраменто – Милвоки 98:115.

- Оглас -

Најнови вести