Дончиќ и Ирвинг одиграа натпревар каков што ретко се гледа и испишаа историја на Далас (Видео)

Далас маверикс со 133:126 ја совлада Филаделфија сиксерс во натпревар во кој дуото на тимот на Тексас, Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, испиша историја.

Дончиќ натпреварот го заврши со 42 постигнати поени, Ирвинг даде два помалку и тие станаа првото дуо во историјата на Далас кои постигнале 40 или повеќе поени и се само петтото дуо во последните 30 години во целата НБА-лига со ваков подвиг.

За Дончиќ ова беше шести натпревар сезонава во кој има учинок од 40 или повеќе поени и 10 или повеќе асистенции.

Интересно е што Јокиќ има само три натпревари, Дамиен Лилард два, а по нив ниту еден кошаркар во НБА сезонава нема ваков скор повеќе од еден натпревар.

Кај Филаделфија најдобри беа Џоел Ембид со 35 поени и Џејмс Харден со 27 поени и 13 асистенции.

На останатите натпревари победата ја однесоа сите домашни екипи. Во второто дерби на вечерта, Голден стејт вориорс со 115:91 го совлада ЛА клиперс. Џордан Пул беше најдобар играч на натпреварот со 34 постигнати поени.

Вашингтон визардс со 119:108 го победи Торонто репторс благодарение на одличната игра на Кајл Кузма, кој даде 30 и Кристапс Порзингис, кој уфрли 25 поени, додека Сан Антонио спарс со 110:99 беше подобар од Индијана пејсерс.

- Оглас -

Најнови вести